Полскиот тим, екипата на Висла Плок во своите редови има 9 странци, односно екипата им е составена воглавно од играч од домашната сцена, додедена со 3 Србски интернационалци, 3 Шпанци, 2 Романци, и еден Португалец.
Екипата на Висла се наоѓа на 2-то место во Полската лига, зад лидерот и првак на Полска екипата на Киелце.
Голема поддршка, и мотивација за екипата на Висла доаѓа и од трибините, Полските навивачи прават атмосвера слична како нашата во Скопје.
Голем хендикеп за домашниот тим е повредата, и неиграњето на овој натпревар на Португалскиот играч Роча, инаку 3 најдобар стрелец во екипата.
Натпреварот започнува утре во 20:45, главните судии на овој меч ќе доаѓаат од Франција, делегат ќе биде Рето Морел од Швајцарија.