Помладите пионери ја завршија сезоната како второпласирани, со само еден бод помалку пред првопласираната екипа на Шкупи. Избраниците на Сашо Тодоровски го освоија купот на Македонија, победувајќи ја во големото финале, екипата на Шкендија. Беа доста ефикасни оваа сезона, каде успеаа да постигнат 74 голови. Вака изгледа листата на најдобри стрелци во оваа генерација.
1. Марко Ѓоргиевски 39
2.Јакуп Бериша 10
3. Мартин Филипоски 8
4. Кренарт Дардиша 8
5. Кристијан Ристовски 4
6. Стефан Миљковиќ 4
7. Александар Георгиевски 3
8. Виктор Ивановски 3
9. Елвир Рамиќ 2
Бројките на постигнати голови, се во двете натпреварувања (првенство и куп).