Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Двајца нови играчи се придружија во Австрија на црвено-црните Украинецот Новак и Ц.Горецот Мијушковиќ !

Двајца нови играчи се придружија во Австрија на црвено-црните Украинецот Новак и Ц.Горецот Мијушковиќ !

vardarfans w2

Како што известуваат од клубот од денес со нашите момци во Австрија се придружи и  Украинецот Евгениј Новак. Овој млад играч  има 26 години, висок е 185 сантиметри  тој игра во одбраната . Бил дел од школата на Динамо Киев каде и играл во вториот тим подоцна играл за Севастопол, и минатата сезона ја мина во украинскиот Волин Луцк член на Премиер лигата. кој му е последен тим во кој настапува . Има еден настап за младинската селекција на Украина.

vardarfans w

 На подготовките на црвено-црните како во Скопје така и во Австрија е присутен црногорскиот фудбалер Немања Мијушковиќ . Овој играч  настапува на позицијата стопер и станува збор залад 23 годишен фудбалер .Негов  последен клуб за кој настапувал е шампионот на Црна Гора  Рудар Пљевла.

НАПОМЕНА: Двајцата играчи се на проба и немаат договор истиот ќе го добијат доколку ги задоволат вкусовите на шефот на стручниот штаб .

фото.фквардар.мк