Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Дамјан Конески: Вардар бил и ќе остане најфудбалското име во Македонија, се чустувам гордо кога го носам црвено-црниот дрес
Дамјан Конески: Вардар бил и ќе остане најфудбалското име во Македонија, се чустувам гордо кога го носам црвено-црниот дрес

Дамјан Конески: Вардар бил и ќе остане најфудбалското име во Македонија, се чустувам гордо кога го носам црвено-црниот дрес

Во следниов наш текст ве запознаваме со членот на Вардаровата генерација родени “2005“ година. Се работи за Дамјан Конески кој веќе пет години настапува за овој клуб. Одличен играч, доста брз кој располага со одлична техника и чуство за игра. Дамјан не запознава како започнал да игра фудбал и со кои се тренери има работено. Мислење за Јуниор лигата, за клубот каде настапува и за очекувања од новата натпреварувачка сезона можете да прочитате во наредниов текст.

-Кај нас дома ако е темата спорт, значи темата е фудбал. Во моето семејство сите сакаат фудбал па така и јас со првата топка која беше речиси колку мене се здруживме и нашето другарување сеуште трае. Во 2011 год се запишав во ФК Вардар, каде мој прв тренер беше Илија Стефановски кој ми беше тренер до 2013. Потоа пола сезона работев со Влатко Спасовски и во Август 2013 не превзема тренерот Зоран Петковски, со кој тренирав до Август оваа година. Сакам да ја искористам оваа прилика и јавно да им се заблагодарам на сите мои досегашни тренери.

Сите деца кои сакаат да играат фудбал можат сега преку “Јуниор“ лигата да покажат колку навистина вредат.

-“Вардар јуниор“ лигата ја гледам како можност за претставување пред фудбалската јавност и на фудбалери од помали места и клубови. Мислам дека јуниор лигата е проект за фер шанса на сите деца.

Желба на секое дете е да игра за најголемиот клуб во Македонија. Вардар е синоним за најдоброто во нашата земја.

-Вардар бил и ќе остане најфудбалското име во Македонија. Јас како млад играч се чувствувам исклучително гордо кога ќе го облечам црвено-црниот дрес. Минатата сезона во елиминациите во детската лига се сретнаа двете Вардарови екипи. За жал место на завршниот турнир имаше само за една екипа.

Нов тренер на генерацијата “2005“ е Игор Кралевски, со кој Дамјан очекува дека можат да ја освојат детската лига во новата натпреварувачка сезона.

-Сезонава се надевам и желба ми е на завршниот турнир Вардар генерација 2005 да ги освои првите две места.Со доаѓањето на тренерот Игор Кралески кој е млад и перспективен тренер мислам дека ќе стекнам нови фудбалски знаења а веќе стекнатите ќе ги збогатам. Се надевам дека под негово водство ке ја освоиме детската лига, изјави Дамјан Конески за нашиот сајт.

Звонко Ивановски