Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фудбалското пријателско дерби кај генерација 2007 му припадна на Пелистер
Фудбалското пријателско дерби кај генерација 2007 му припадна на Пелистер

Фудбалското пријателско дерби кај генерација 2007 му припадна на Пелистер

Вчера на теренот на Академијата, генерацијата 2007 на ФК Вардар одигра контролен натпревар со екипата на Пелистер. Одличен дуел ни приредија двете екипи, кој на крајот заврши во корист на гостите од Битола..

Иако момците на Милан Коцески имаа предност од 2:0, сепак до крајот на натпреварот противникот направи резултатски пресврт и на крајот победи. Се играа три периоди по 30 минути, во првиот период Вардар со головите на Адмир Љатифи и Стефан Младеновски имаше водство од 2:0. Во вториот период за само две минути, екипата на Пелистер успеа да постигне два гола и да го израмни резултатот на 2:2. Во последниот период, падна само еден гол, истиот заврши во нашата мрежа. Може да се каже дека во сите периоди игравме со различни постави, со оглед дека нашиот тренер им даде шанса за настап на сите играчи кои беа во составот, вклучувајќи ги и играчите кои се дел од Академијата на ФФМ.

Минатата недела, истава генерација на Вардар на гостински терен имаше пријателски дуел со екипата на Работнички кој го доби во своја корист. Иако домашниот тим беше во предност од 3:1, сепак во вториот дел, вардарци направија целосен пресврт и победија со 3:5, ова беше можеби и најдобриот натпревар сезонава за генерација 2007. Головите беа дело на Михаил Јордановски, Војо Стојановски, Анди Исмаиљи, Фуат Керими и Иван Блажевски.

Во продолжение погледнете неколку фотографии од натпреварот со Пелистер.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12