Вчера на теренот на Академијата, контролен натпревар одиграа пионерите на ФК Вардар, против кадетите на Работнички. Дуелот заврши со нерешен резултат 1:1.
Одличен резултат за момците на Сашо Тодоровски, со оглед дека играа со повозрасниот ривал. По првото полувреме, екипата на Работнички имаше водство од 0:1, додека во вториот дел за израмнување кај Вардар се погрижи Никола Павлески, кој ги постави конечните 1:1 на овој пријателски натпревар.
ФК Вардар: Ангелов, Љушев, Милошевски, Ричков, Каровски, Јаневски, Стоимов, Здравковски, Гуџуфи, Ибраим, Павлески.