ЖРК Вардар на првата контролка на летните подготовки ја совлада екипата на Спартак со високи 37-22 во средата. За утре, сабота, 29.август е закажан вториот пријателски дуел на црвено-црните дами.
Избраничките на Драгана Ристова и Александар Царчев ќе одигаат еден силен натпревар, противник во истиот ни е екипата на ЖРК Куманово. Тим со највисоки амбиции, екипа која беше лидер на табелата пред прекинот поради пандемијата со Ковид-19. Натпреварот ќе се игра во малата сала при Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 13-30 часот.