Вчера, нашите генерации 2008 и 2009 гостуваа во Штип, каде одиграа пријателски натпревари со екипата на Брегалница.
Генерацијата 2008 на Вардар стигна до победа во соочувањето со врсниците од Брегалница, славејќи со резултат 0:2 (0:1). Стрелци на головите беа Дамјан Буцевски и Христијан Јевтоски.
Натпреварот на Вардар и Брегалница, кај генерацијата 2009 заврши со почетниот резултат 0:0.