Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар со 3 бода ќе стартува во Плеј-Оф, во борбата за Шампионската титула
РК Вардар со 3 бода ќе стартува во Плеј-Оф, во борбата за Шампионската титула

РК Вардар со 3 бода ќе стартува во Плеј-Оф, во борбата за Шампионската титула

Финишираше регуларниот дел од сезоната во ракометната Супер Лига. Вардар заврши на првото место во својата група со максимални 14 победи од исто толку одиграни натпревари. Во рамките на 14.коло, Вардар славеше на гостувањето кај екипата на Струга, додека во дербито Бутел на домашен терен за еден гол беше подобар од тимот на Алкалоид.

Комплетни резултати во групата А:

Струга – Вардар  23:34

Бутел – Алкалоид  28:27

Вардар Неготино – Охрид  21:27

Куманово – Прилеп  27:29

Вардар заврши прв во својата група со 42 освоени бодови, пред екипите на Алкалоид која освои 33 и Бутел со 30 бодови.

На пролет започнува плеј-оф разигрувањето за Шампионската титула, а Вардар ќе пренесе 3 бода, како и екипата на Еурофарм Пелистер, Пролет и Алкалоид имаат 2 бода, додека Бутел и Еурофарм Пелистер 2 по 1 бод, Охрид и Тиквеш ќе стартуваат без пренесен бод од регуларниот дел.

Вардар е актуелен освојувач на трофејот во домашното првенство, како и во Купот.