“Вардар Јуниор“ лигата успешно се реализираше во изминатиот период, во неколку градови во Македонија. Куманово, Виница, Штип, Охрид и Скопје беа домаќини на натпреварите во оваа лига. Имаат можност да се антпреваруваат деца во повеќе возрасни категории. Нашиот фудбалски клуб има за цел да ја прошири “Јуниор лигата“ во сите градови низ Македонија. Целта е да им се даде можност на сите деца да ги покажат своите квалитети и да претендираат за влез во младинските школи на Вардар. Поранешниот Македонски репрезентативец и член на млкадинските школи на Фк Вардар, Игор Кралевски моментално работи како тренер на Фк Вардар генерација “2006“ која исто така беше дел од оваа “Јуниор лига“. Колку истата има значење за сите кои учествуваат во неа, за нашиот сајт ни изјави Кралевски.
Фудбалскиот клуб Вардар е најтрофејната екипа во Македонија и знаеме сите што претставува тоа име и колку е големината на овој клуб. Каде и да настапував, дали тоа беше Русија или Хрватска, секој ме прашуваше за Вардар кој ја претставува големината и афирмацијата на државата. Чест и задоволство е на секој човек и дете да биде дел од овој тим и оваа фамилија. Задоволен сум јас, како и сите останати кои се дел од “Вардар Јуниор“ лигата, за само два месеци постоење има голем ефект и резултат како за клубот и децата, така и за останатите екипи кои се надвор од Скопје. Вардар го сакаат сите, а сега ја имаат можноста да се докажуваат и работат клубовите од цела Македонија.
Завршниот турнир “Јуниор лигата“ го имаше во Ѓорче, каде се одиграа натпревари во генерации родени “2001“, “2003“ и “2005“ година. Веќе се препознаа одредени играчи, кои поседуваат талент за преминување во малднските школи на Вардар.
Секој викенд се играше “Јуниор лигата“ се гледаа натпреварите на децата, а најдобрите се земаат да бидат дел од Вардар. Сите се среќни и задоволни, најубавиот дел е дружењето и воспоставувањето на нови другарства. Оваа идеја и проект на Вардар и Македонскиот фудбал требаше и порано да се реализира. Во сите генерации на Вардар има по 2-3 деца кои се од други градови, затоа што покажуваат висок квалитет. Како што доликува на најдобриот спортски бренд во Македонија, секогаш да ги селектира најдобрите играчи.
Кралевски со неговата генерација имаше успешен период, освојувајчи вкупно четири трофеи, од исто толку одиграни младински фудбалски турнири.
Среќен сум што и јас сум дел од овој голем клуб, како тренер на генерацијата родени “2006“ година. Во Вардар има дечиња со голем потенцијал, кои имаат можност да бидат идни носители на светиот дрес на Вардар и државниот грб на Македонија.
Звонко Ивановски