Уште еден млад играч дебитираше во првиот тим на ФК Вардар. На градското дерби со екипата на Работнички, сите 90 минути во црвено-црниот дрес ги одигра Виктор Крстевски.
Се работи за 18-годишен играч на Вардар, кој е во клубот десет години, а првите фудбалски почетоци ги има во школата на Њу Старс.
Виктор ги има поминато сите младински категории на Вардар, а претстојнава сезона покрај настапите за младинскиот состав ќе добива шанса и од Александар Васоски за игра во првиот тим.
На дуелот со Работнички, Вардар ја доби најмладата дефанзивна линија во ПМФЛ. Со Крстевски, Радуловиќ-Величковиќ и Велковски успешно одолевавме на градскиот ривал.
ФОТО: Gol.mk