Во новата сезона 2020/2021, по заминувањето на Радуловиќ кормилот на КК Вардар го презема Александар Јованчев. Тоа беше природен тек на настапите поради негоиот напредок на клубски и репрезентативен план како тренер. За нашиот сајт, новиот шеф на стручен штаб даде изјава, истата може да ја најдете на следниот ЛИНК
Започнати се летните подготовки за новата сезона, црвено-црните ќе имаат тешка задача да обезбедат опстанок бидејќи дури четири тима ќе ја напуштат кошаркарската мак.елита. Вчера тимот заедно со Јованчев одработија тренинг во природа, односно беа на падините на Водно.