Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар тестира играч од Хрватска
Вардар тестира играч од Хрватска

Вардар тестира играч од Хрватска

Актуелниот фудбалски шампион, тимот на Вардар од денес е збогатен за уште еден интернационалец.

Хрватскиот лев бек Марко Мартинага пристигна на проба во редовите на ,,црвено – црните” и заедно со бразилецот Чарлс ќе се докажуваат кај Васоски.

Доколку биде се како што треба, Вардар осетно ќе биде засилен за продолжението на сезоната.

Да потсетиме дека право за настап чекаат и поранешниот репрезентативец Петровиќ и голманот Игески.