Младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар се подготвуваат за новата натпреварувачка сезона. Три генерации беа активни со одигрување на контролни натпревари.
Кадетите на ФК Вардар кои се предводени од Филип Ивановски, вчера на теренот во Ѓорче, одиграа пријателски меч со екипата на Њу Старс. Нашите млади надежи триумфираа со резултат 2:1. По првото полувреме имавме предност од 1:0 кога резултатот го отвори Бесар Гуџуфи. Во вториот дел од мечот, најпрво противникот израмни на 1:1, за победа на Вардар да му донесе стоперот, Филип Ѓоргоски, кој погоди за 1:2, резултат кој се покажа и како конечен на натпреварот.
Вардар: Јовчев, Трпезановски, Ѓоргоски, Давков, Ѓоргиевски, Јовановски, Давидовски, Стојчевски, Мирков, Живков и Гуџуфи.
До триумф на контролен натпревар стигна и генерацијата 2005 или помладите пионери. Избраниците на Драган Стефановски, успеаа да го победат повозрасниот тим на Македонија Ѓ.П, со конечни 2:1. Први успеавме да го отвориме резултатот кога противничката мрежа ја погоди Никола Величковски, за екипата на Ѓорче да го израмни резултатот. Вардарци вратија со уште еден гол, дело на Агрон, кој ги постави конечните 2:1 на овој меч
Вардар: Илиевски, Серафимов, Таневски, Здравковски, Фидановски, Цевтков, Дошев, Спасиќ, Курти, Јовановски, Величковски.
Контролен меч одиграа и момците на Зоран Петковски. Генерацијата 2009 стигна до победа во дуелот со тимот на Работнички.