Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Летен фудбалски камп “ во Дојран во организација на ФК Вардар
“Летен фудбалски камп “ во Дојран во организација на ФК Вардар

“Летен фудбалски камп “ во Дојран во организација на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар во спортскиот комплекс „Истатов“ во Дојран ќе  организира летен фудбалски камп на кој учество ќе земат сите регионални единици на нашиот тим истиот ќе се одржи во временски период од 30/07 – 26 /08 . Ова ќе биде прв фудбалски камп од ваков калибар, и традицијата на организирање на фудбалски кампови од страна на ФК Вардар ќе продолжи и во иднина. Како што понатака информираат од нашиот клуб во соопштението велат :

На кампот ќе земат учество деца од регионалните единици со кои Вардар има склучено договор и тоа од: Тоталфудбал – Ресен, ФК Валандово – Валандово, Мал Ајакс од Штип, Спорт-Ефе – Скопје, Еуроспорт од Куманоов, Еурофудбал од Охрид и ФК СЛога од Виница.

Првата група деца родени 2000 и 2001 година ќе бидат дел од кампот од 30 јули до 4 август. Втората група ќе се одржува од 10 до 18 август, и ќе ги опфаќа сите деца родени 2002 година. Од 16 до 21 август ќе земат учество деца родени 2003-2004 година, а од 21 до 26 август деца родени 2005-2006 година.Сите деца ќе имаат одлични услови за тренинг и за работа во Дојран. Децата ќе имаат можност да се дружат и да научат некои нови фудбалски вештини кои ќе им помогнат во нивните понатамошни фудбалски кариери, а ќе работат по стручна програма. На истиот ќе присуствуваат тренери од регионалните единици и тренери од фудбалскиот клуб Вардар.