Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров: Среќен сум, што имаме добра екипа

Дибиров: Среќен сум, што имаме добра екипа

Екипата на Рк Вардар стартуваше со тренинзи за новата сезона. Веќе трети ден тренира во С.Ц. Јане Сандански. Целите и амбициите остануваат исти, како и претходните две сезони. Пласманот на завршниот тунир во Келн е главната цел за Вардарци, во сезоната која претстои. Најдобриот стрелец во последниве две години во лигата на шампионите, руското крило Дибиров ја посакуваше Барселона како противник во групната фаза. За официјалната страна на клубот го изјави следново:

-Вардар е доволно јак да ја победи Барселона. Претходните две сезони беа тешки за нас бидејќи не ја остваривме посакуваната цел. Можеби првата сезона и не беше толку, но, минатата , сакавме и живеевме само за тоа да стигнеме до Ф4. Беше тоа разочарување за нас. Не сакам до крај на сезонава да зборувам за тоа, зашто тоа е голем притисок за нас, од навивачите и управата. Ние сме играчи и тешко ни е кога нема нешто да оствариме.

 Клубот го засилија пет нови играчи кои можат да играат во одбраната и нападот. На секоја позиција Вардар располага со најмалку двајца квалитетни ракометари.

 Сега сум среќен сум бидејќи имаме добра екипа, кога на секоја позиција имаш по два одлични ракометари. Секој голем клуб работи вака, да има два-три добри ракометари. Ако сакаме доби резултати, треба и да имаме ротација на секоја позиција, вели Дибиров.