Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кастратовиќ останува тренер на Вардар во наредните две сезони

Кастратовиќ останува тренер на Вардар во наредните две сезони

Управата на клубот и Индира Кастратовиќ се договорија да ја продолжат соработката на уште две години. Така Кастратовиќ останува главен тренер на Вардарки и во следните две сезони, изјавија од клубот. Ова ќе биде четврта година за Индира на клупата на нашиот шампион. Претходно ја донесе екипата на два пати до завршниот турнир во Будимпешта.

По продолжување на договорот за официјалниот сајт на клубот, Кастратовиќ го изјави следново:

-Очекувам во следниот период како дел од ЖРК Вардар да постигнеме нови резултати со кои клубот ќе биде горд, и јас како тренер. Особено сум благодарна на клубот што ми даде нова доверба да го предводам овој одличен тим на Вардар. Работата и само работа ќе биде мотото во иднина, со верба дека она што го работиме напорно на тренинзите ќе биде валоризирано и со резултат на кој сите ќе се радуваме. Вардар останува моето најблиско семејство, кое секогаш ми давало поддршка, и таквата синергија се покажа како клучна во многу моменти, кога многумина сметаа дека тешко ќе го постигнеме зацртаното. Високите европски цели секогаш ќе останат главната цел на Вардар, за што сите во клубот ќе се обидеме да го постигнеме и да им дадеме нови можности на навивачите да се радуваат, и уште повеќе во однос на минатите сезони, изјави Индира.