Македонската репрезентација до 17 години (генерација 2004.) на 20. октомври (вторник) од 14:00 часот и на 22. октомври (четврток) во 11:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Србија.
Претходно на нашиот веб сајтот известивме дека за овие пријателски натпревари, селекторот на Македонија, Драган Канатларовски повика тројца играчи од Вардар. Се работи за напаѓачите Георг Стојановски и Бесар Гуџуфи, ккао и играчот од средниот ред, Игор Јаневски.
Дополнителен повик во националниот дрес доби уште еден вардаров играч, се работи за Левент Ибраим, кој ќе биде во комбинација за претстојните натпревари против Србија.