Генерацијата 2006 на ФК Вардар имаше одлична сезона во дебитантската сезона во регионалната-скопска лига. Штета што истата беше прекината , после само 15 одиграни кола. Нашите млади надежи имаа вкупно 14 победи и само 1 пораз, и тоа на стартот од пролетниот дел. Постигнавме вкупно 77 голови во лигата ( три од нив се со службен резултат), додека во Купот имавме 8 погодоци.
Како најдобар стрелец се покажа Алтин Алији, додека на второто место се најде Нуман Ајетовиќ. Ова се сите играчи кои се запишуваа во листата на стрелци за помладите петлиња на Вардар:
1. Алтин Алији 29
2. Нуман Ајетовиќ 18
3. Марко Николовски 14
4. Антони Динов 4
5. Алтин Нурединовски, Андреј Величковски и Ангел Настевски по 3
6. Милош Спасовски 2
7. Максим Цониќ, Димитар Порчу, Лука Митревски, Олег Трифуновски, Данил Ордевски и Михаил Танчев по 1 гол.