Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дисингер: Вардар повторно ќе биде меѓу најдобрите во Европа, се чувствувам убаво во Скопје
Дисингер: Вардар повторно ќе биде меѓу најдобрите во Европа, се чувствувам убаво во Скопје

Дисингер: Вардар повторно ќе биде меѓу најдобрите во Европа, се чувствувам убаво во Скопје

Вардар и во новата сезона ќе има силен тим, кој ќе биде конкурентен за највисок пласман во сите натпреварувања. Иако во еден период, Дисингер беше далеку од останување во Скопје, сепак германскиот интернационалец се реши да го предолжи претстојот во Вардар. Како што споменуваше претходно, новиот проект на Михајо Михајловски, имал клучна улога во одлуката да остане во црвено-црниот дрес. Во интервју за рускиот медиум „Брз Центар“, вели дека Вардар повторно ќе биде меѓу најдобрите во Европа.

-Имаме солиден ростер. Михајловски е сериозен бизнисмен и сака тимот да биде меѓу најдобрите во Европа. Можеби овој Вардар нема да ја освои ЛШ, ама ростерот е солиден. Клубот доби спонзори, новите структури се формираат. Не е како претходно, кога зависеше 95% од Сергеј Самсоненко. Можев да си заминам во февруари. Но, решив да останам овде. Се чувствувам убаво во Скопје“,