Тимот на Вардар во еден свој лош натпревар, одигра само 1:1 во Радовиш.
По првиот дел Вардар заслужено водеше, бидејќи беше подобар ривал на теренот во Радовиш. И домашниот тим беше солиден и имаше свој шанси за гол, но сите удари завршија покрај голот на Гачевски. Голот на Вардар дојде кон крајот на првиот дел. Најдобриот играч во првиот дел на теренот, Николовски одлично продре по страна и беше соборен во шеснаесетникот на домаќинот за чист пенал. Капитенот Мицевски ја зеде топката и биеше сигурно по земја за водство и на пауза 0:1 за Вардар.
Во вториот дел Детонит Плачковица беше подобар тим на теренот, створи неколку опасни шанси и заслужено дојде до 1:1 во 70 минута од натпреварот. Голема грешка направи Ристески, а тоа успешно го казни еден противнички играч со силен удар за 1:1. До крајот на дуелот немаше промени на резултатот.