Букурешт денеска, дефинитивно е македонски град, на чии улици речиси секој втор е дојден да го проследи деби настапот на Македонија на Европското првенство.
Во романскиот град преовладува ,,црвено – жолтата” боја, а како се доближува стартот на натпреварот така се повеќе навивачи на Македонија пристигнуваат. Обединети сме со една цел – прва победа на Македонија на едно големо натпреварување.
Низ улиците во Букурешт се пеат македонски песни, а една од нив е „Бисер балкански“. Погледнете каква е атмосферата во Букурешт, ТУКА.