Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > „Лавици“ го совладаа Шампион, нашите кадетки со победа на младинскиот турнир
„Лавици“ го совладаа Шампион, нашите кадетки со победа на младинскиот турнир

„Лавици“ го совладаа Шампион, нашите кадетки со победа на младинскиот турнир

Во 1.меч од младинскиот турнир, кадетките на ЖРК Вардар се сретнаа со тимот на РК Шампион. Игравме како по ноти во првиот дел, а во вториот дојде кризата од енормно големата натпреварувачка пауза, сепак го совладавме тимот на Чивлачки и Радуловиќ со резултат 26-22 (16-11).

kkkkk kkk
Тргнавме во грч, предолга пауза е зад нас од 17.месеца па противникот го искористи и поведе со 0-2. Најпрвин Равојска одлично погоди, потоа со двата гола на „Бора Флај“ , Коцева Борјана со два летачки влеза израмни на 3-3 во 6.минута. Ривалот имаше последен пат активен резултат во 7.минута, кога беше 4-4, а потоа ние стапивме на сцена. На голот блесна Вероника Ѓорѓиевска во нападот погодуваа, Ива Ангеловска, Бојана Коцева, Пешиќ Мила, Радевска Бојана па отидовме на високи 7.плус во 21.минута. Со голот на Радевска поведовме со 14-7. На одмор заминавме со резултат 16-11, истиот го постави капитенот Алек Коловска со удар над „живиот ѕид“ од 9.метра бидејќи истекоа веќе 25.минути колку што се играат полувремињата.

kk11 k66 k8 k6 k5 k4
Вториот дел го започнавме на идентичен начин, одлично во одбраната и силно во нападот. Платон и Папуџиева ротираа од клупата, го одржуваа ритамот и успеаа да ги одморат девојките бидејќи во 19-00 часот ги очекува дерби со Металург. Своето деби за Вардар денес го имаше Попова, која настапува на пикерската позиција. Следеше мало опуштање, па ривалот намали на минус 1, 18-17 во 14.минута од 2.полувреме. Бевме стрелни во нападот, па ривалот успеа да изедначи. Од пенал Шампион успеа да дојде до резултатска симетрија, ние побаравме минута одмор. Ривалот имаше играчи кои играа во сениорската лига оваа сезона па тоа искуство беше олеснителна околност за нив. Вистинската драма почна на 9.минути до крај првпат во 2.дел бевме во гол негатива, Сара Стефаноска зеде пенал, „ладна “ и одважна погоди за реми 19-19. Борјана повторно „пилотираше“ покрај 2.чувара и ја врати предноста (20-19), од клупата беше вратена во игра и Ѓорѓиевска на голот. Раволска мајсторски влезе во казнениот простор и изнуди пенал, Стефаноска не однесе на 2 плус, 21-19 и го „умртви“ набојот на ривалот. На 2.минути до крајот по одбрана на Ѓорѓиевска, во контра Равојска стави крај на дилемите со гол за 24-21.

k k2

Стефаноска погоди 6.пати, по 3 гола имаа: Коцева Бојана и Борјана, Равојска, Коловска и Радевска.

Попладне не очекува меч со Металург, двата тима имаат победа, па меѓусебниот дуел ќе одлучи кој ќе оди на Ф-4.