Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Конечнооо….Шампионии… Вардар го „бутна“ Макпетрол од тронот по 20.години
Конечнооо….Шампионии… Вардар го „бутна“ Макпетрол од тронот по 20.години

Конечнооо….Шампионии… Вардар го „бутна“ Макпетрол од тронот по 20.години

Конечно..по 20.години владение Кугларскиот тим Вардар го „турна“ од тронот Макпетрол. Црвено-црните се ШАМПИОНИИИ НА МАКЕДОНИЈА…..

.
Денес во последниот дуел за нас оваа сезона, 2020/21 гостувавме во Битола кај екипата на Пелистер во клучниот меч за титулата. Момците во црвено-црна опрема успеаа да го совладаат домаќинот и да дојдат до два бода важни за титулата. Вардар оваа сезона за жал има само две сениорски титули, таа на РК Вардар и оваа на куларите. Тие го обелија црвено-црниот образ. Победата над зелено белите дојде со резултат 5 и пол наспроти 2,5 за нашата екипа. Голема еуфорија кај момците и кај нас администраторите на сајтот… наскоро повеќе детали за личните постигнувања….

Честитки до сите момци, до Дарко и Димитар Димитровски кои го предводат и финасираат овој тим, до секој куглар…

.
По 20.години владение на Макпетрол, конечно се оствари сонот. Конечно Вардар е шампион, имаше еден човек во тимот, тренерот на екипата кој по основањето 2014 веруваше во ова. Г-н Драги Димитровски, неговиот сон денес е реалност, за жал тој не напушти минатото зимо и се пресели во вечноста, ако си горе и не гледаш ШЕФЕ Радувај се….