Кадетскиот тим на ЖРК Вардар одигра реми со Металург и со 4.бода без пораз не обезбеди пласман на младинскиот Ф-4, имавме со тимот од Автокоманда исти број бодови, но тие имаа подобра гол-разлика. Честитики до девојките за феноменалниот дуел со сино белите- се беше против нив, но се вратија. Иако ова го почустуваа како неуспех треба да им биде јасно дека го постигнаа најважното- се ПОБЕДИЈА СЕБЕ СИ… на мегдан имаа- Повозрасен противник тим кој е најмалце 2.години во просек постар, со суперлигашки искуство, екипа која имаше поголем одмор помеѓу двата дуела, тим кој има квалитени поединки, меч на кој во вториот дел ја „изгубивме“ поради повреда Стефаноска, пет гола водство на противникот, 12.минути искучени играчи од 50.минути дел…сето тоа го совладаа и извадија големо реми…
Воедно честитики до раководството на ЖРК Вардар кое реши и им даде шанса како кадетки да играат во младинската лига, им даде прилика да играат големи мечеви, тие ја оправдаа и не беа поразени, навистина само на овој начин се напредува.
Дуелот започна со водство на сино-белите, на кои им го честитаме пласманот понатака и успехот на овој турнир. Тие водеа со 9-4 пред полувремето, и имаа напад. Вероника Ѓорѓиевска одбрани, надеж со гол донесе денес одличната Зорица Андовска. Вториот дел приказна за себе, влеговме храбро и покрај негативата. За жал на самиот почеток изгубивме клучен играч, кој да играше се ќе беше поинаку, Сара Стефаноска. Но сите други кои играа треба да им се честита како ги бранеа своите црвено-црни свети бои на дресот. Направивме пресврт и поведовме со 13-16, противникот израмни и со 16-16 обезбеди пласман понатака заради подобриот скор во групата кај головите. Само еден гол на ова средба не делеше од успех, но истиот број бодови со Металург сепак е успех за значајно помлад тим, кој нема 17.месеци официјален дуел за разлика од противникот чии играчи играат во суперлигашката конкуренција.
Платон и Папуџиева ги заслужуваат сите честитки каква екипа успеаа да создадат. На голот двоцифрена, Вероника Ѓорѓиевска денес покажа дека е најдобар голман од сите пристни на турнирот. Вистински џокер беше Зорица Андовска која со 5.гола беше прв стрелец и важен фактор на оваа средба. Равојска погоди 4.пати кога беше клучно, пофалби за сестрите Коцеви, капитенот Алекс, борбената Пешиќ која остави срце на терен. Големи аплаузи за сите девојки кои денес дадоа парче во овој мозаик, а не ги напоменавме: Радевска, Попова, Крагељ, Трајановска, Христоска, Ангелоска, Максимовска, Миланова и.тн