Македонската репрезентација до 19 години одигра 0:0 против Босна и Херцеговина во првото коло од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна рунда квалификации за Европско првенство.
Свои шанси имале и двете репрезентации, но до крајот мрежите мирувале. На голот на Македонија, бил вардаровиот чувар на мрежата, се работи за Матеј Андов, кој во неколку наврати го спасил голот на Македонија од нападот на босанците. Во стартниот состав на селекторот Станиќ за овој прв дуел беа и уште двајца играчи од Вардар. Се работи за Александар Ѓурковски кој го одиграл целиот натпревар и за Бојан Димовски кој беше заменет во 81.минута од дуелот.
На натпреварот од истата група одигран на стадионот во Ѓорче Петров, топ фаворитот Англија убедливо со 4:0 славеше против Луксембург. На 16. ноември од 13:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Македонија игра против Англија, додека во Ѓорче Петров се соочуваат БиХ и Луксембург.
ФОТО: Gol.mk