Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Вардаровиот голман, Методија Велковски “јунак“ во ремито на Македонија У 17 против домаќинот Италија
Вардаровиот голман, Методија Велковски “јунак“ во ремито на Македонија У 17 против домаќинот Италија

Вардаровиот голман, Методија Велковски “јунак“ во ремито на Македонија У 17 против домаќинот Италија

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години оствари одличен резултат на гостувањето во Форли, играјќи со нерешен резултат 0:0 против селекцијата на Италија. На тој начин останавме во игра за европското првенство кое наредната година ќе се игра во Хрватска. На вчерашниот натпревар јунак за Македонија, беше Вардаровиот голман Методија Велковски кој спаси неколку чисти погодоци за Италија. Нашата репрезентација најголемата прилика ја имаше преку Дарко Чурлинов, кој е поранешен играч на црвено-црните. Во вториот дел повторно на сцена стапи голманот Велковски, кој е најзаслужен што Македонија освои бод на овој натпревар. Во првото коло избраниците на Добринко Илиевски беа поразени од Србија со резултат 3:1. Вчера Србите повторно издвојуваа триумф против Албанија (2:0), која е наш противник во последното трето коло.

На табелата Србија е прва со 6 бодови, Италија има 4, Македонија 1, додека Албанија е без освоен бод. Само првите две пласирани репрезентации ќе обезбедат пласман на Европското првенство.