Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Драгана Петковска: Пресудно ќе биде колективната игра и цврстата одбрана
Драгана Петковска: Пресудно ќе биде колективната игра и цврстата одбрана

Драгана Петковска: Пресудно ќе биде колективната игра и цврстата одбрана

Утре во спортскиот центар Јане Сандански ќе се одигра дербито во женската супер лига, помеѓу екипите на Вардар и Металург. Ова ќе биде нивни втор меч оваа сезона, а првиот во автокоманда го доби противникот. После тој дуел, избраничките на Симе Симовски влегоа во серија од пет последователни победи и во добра форма ќе го дочекаме утрешниот натпревар. Металург и оваа сезона ќе биде наш најголем конкурент за второто место на табелата. Еден од нашите најголеми адути е голманот Драгана Петковска, која во новата сезона брани одлично. Таа за нашиот сајт ги сподели очекувањата за мечот со Металург.

-Нашите очекувања за утрешниот натпревар се секако да освоиме три бодови и да одиграме како што ние најдобро знаеме. Двете екипи се наоѓаме во добра форма, па според мене кој ќе биде подобар, тој нека победи. Наше е да дадеме се од себе, да одиграме добро во одбраната и мирно и трпеливо да реализираме во нападот. После натпреварот во Автокоманда ги согледавме грешките, правевме анализа и ќе се обидеме да не ги повториме на утрешниот дуел. Според мене пресудно ќе биде колективната игра и цврстата одбрана, изјави Драгана Петковска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски