Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Македонија У18 го победи БИХ, Крстевски и Асани започнаа во стартниот состав
Македонија У18 го победи БИХ, Крстевски и Асани започнаа во стартниот состав

Македонија У18 го победи БИХ, Крстевски и Асани започнаа во стартниот состав

Денес на тренинг центарот „Петар Милошевски“ вториот контролен натпревар го одиграа селекциите на Македонија и БИХ до 18 години. Нашите надежи забележаа триумф на овој меч и вратија за поразот на босанците од првиот дуел.

Еден гол го реши овој натпревар, истиот го постигна Македонија преку поранешниот играч на Вардар, Марио Илиевски кој во 75 минута ја затресе противничката мрежа. Во стартниот состав на Македонија се најдоа двајца вардарови играчи, се работи за Виктор Крстевски и Али Асани, додека во второто полувреме во игра влезе и  Леонид Игнатов.