Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Ќе се бориме до крај, нема предавање, се надевам дека ќе одиграме на ниво против Порто
Алушовски: Ќе се бориме до крај, нема предавање, се надевам дека ќе одиграме на ниво против Порто

Алушовски: Ќе се бориме до крај, нема предавање, се надевам дека ќе одиграме на ниво против Порто

Денес, Европскиот ракометен Шампион замина за Португалија, каде во сабота ги очекува дуел од ЛШ против екипата на Порто.

Со триумфот од минатото коло против екипата на Мотор Запорожје, црвено-црните го осигураа и теоретски пласманот во осминафиналето. Сега не очекува уште еден важен натпревар и тоа за 5.позиција на табелата, на која моментално се наоѓа Варар, но со само еден бод повеќе од нашиот следен противник. Шефот на стручниот штаб, Стевче Алушовски најави дека Порто е фаворит на овој дуел, а најголем проблем за екипата е малиот број на играчи во ротација. Сепак најави борба до крај на дуелот во Португалија.

Победата против Мотор во претходното коло ја подигна атмосферата в тимот. Сепак не треба тој резултат да ни дава преголеми оптимистички очекувања. Реално гледаме на ситуацијата. Порто е фаворит сега на дуелот, а ние одиме без притисок и со единствена мисла – да играме, да се натпреваруваме и секако да ги искористиме шансите. Се обидуваме да не мислиме на проблемите, но најголем е тој што немаме доволно играчи за ротација, па ќе мораме да се потпреме на она што го имаме во моментов. Знам дека сите ќе се борат до крај, нема предавање – напротив ќе гледаме да бидеме на ниво со кое ќе можеме да се носиме со домаќинот.

Мечот со Порто е закажан на 22.февруари ( сабота) со почеток од 16:00 часот. Директен пренос од дуелот можете да погледнете на Арена Спорт 5.