Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Максимов ќе го облече дресот со број 10

Максимов ќе го облече дресот со број 10

Рускиот интернационалец, 21-годишниот Максим Максимов по се изгледа ќе го земе дресот со број 10 во Вардар. Максимов во тимот на Тракаи го носеше дресот со број 9, но сега тој како што е познато е зафатен, бидејќи деветката во Вардар е резервирана за Дејан Блажевски.

Па така, речиси сигурно Максимов ќе ја земе десетката која во моментов е слободна по заминувањето на Дамир Којашевиќ од редовите на Вардар. Максимов дебито во Вардар би требало да го има идниот викенд.