Малме објави дека на дуелот во ЛШ навивачите на Вардар ќе бидат сместени заедно, зад едниот од головите на „Сведбанк” арена во Малме. Домаќините интересно оваа информација ја пласираа на македонски јазик, на официјалниот сајт на ФК Малме.
На вардаровите симпатизери им се препорачува да купуваат билети за секторите 17 и 18, кои се зад голот на Источната трибина.