Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Фитор Реџепи: Се надевам дека тренерите се задоволни од моето залагање и придонесот во остварените резултати на екипата
Фитор Реџепи: Се надевам дека тренерите се задоволни од моето залагање и придонесот во остварените резултати на екипата

Фитор Реџепи: Се надевам дека тренерите се задоволни од моето залагање и придонесот во остварените резултати на екипата

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар ја завршија сезоната на второто место во првенството, пред екипата на Шкупи. Во купот успеавме да бидеме први, откако во големото финале ја победивме екипата на Работнички. Се на се, уште една успешна сезона за избраниците на Сашо Тодоровски, кои беа единствената Вардаровата генерација, која успеа да освои трофеј во повозрасните младински категории. На стартот од пролетниот дел, пионерите ги засили, Фитор Реџепи, кој дојде од екипата на Милано. Тренерскиот тандем на пионерите, Тодоровски и Кметовски пронајдоа во него замена за Марко Ѓорѓиевски, кој ја напушти екипата. Во изјава за нашиот сајт, Реџепи искажа задоволство од доаѓањето во Вардар, со надеж дека со успех ќе продолжи да го носи црвено-црниот дрес.

-Најпрво да искажам задоволство што сум дел од фудбалскиот клуб Вардар. Иницијатор за моето доаѓање во Вардар беше тренерот на голманите во пионертските екипи, Љупчо Кметовски кој имал разговор со мојот татко, по што на обострано задоволство и со договор со тренерот, Сашо Тодоровски се случи да започнам да тренирам и играм во пионерскиот состав на клубот.

Иако одигра само една полусезона, на крајот Фитор беше трет најдобар стрелец на тимот, со седум постигнати голови.

-Дојдов во пролетниот дел од минатата натпреварувачка сезона и до крајот успеав да постигнам седум голови. На почетокот беше тешко и ми требаше време да се прилагодам на новата средина и новата екипа, но како одминуваа натпреварите се обидував да дадам максимум и да го покажам најдоброто од себе. Се надевам дека тренерите се задоволни од моето залагање и придонесот во остварените резултати на екипата. Успеавме да го освоиме купот, каде во финалето го совладавме тимот на Рабортнички. Во првенството, слабо го стартувавме вториот дел од сезоната, каде загубивме неколку бодови на стартот, што на крај не чинеше губење на трофејот. Благодарност и до мојот поранешен клуб, Милано каде ги имав моите први фудбалски почетоци, како и до тренерите Џелал Адеми и Еркан Јусуф.

Звонко Ивановски