Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Малме нека биде мал за Вардар
Малме нека биде мал за Вардар

Малме нека биде мал за Вардар

Со нетрпение се oчекува утрешниот ден и реванш натпреварот на Вардар и Малме. Вардарци одработија успешно половина од својата задача, иако многумина ги потценуваа и велеа дека немаат сили да одиграат квалитетен натпревар во Шведска, се случи спротивното, се до 75. минута на мечот во Шведска Вардар имаше предност од 0:1. На крај и 1:1 беше одличен резултат за нашиот тим.

Утре стартува “второто полувреме” од мечот на овие две екипи, се надеваме дека на крајот нашиот тим ќе се радува на толку посакуваната победа и толку посакуваниот пласман во третото квалификациско коло што би значело во најмала рака уште четири нови натпревари. Протнивкиот на Вардар покажа дека е многу ранлив тим посебно во одбраната, од Вардар прими еден, а во најмала рака можеше да прими и три голови. Вардарци одиграа машки пред 20 илјади швеѓани, сега пред околу 6000 македонски треба да биде уште полесно

“Црвено – црната” армија навивачи на Вардар утре ќе биде нивниот 12-сети играч. Се очекува целиот капацитет да биде исполнет до последното место, досега се останати некаде околу 1280 билети.