Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Матеј Андов: Максимално се трудев нашата мрежа да остане незатресена и среќен сум што успеав во истото
Матеј Андов: Максимално се трудев нашата мрежа да остане незатресена  и среќен сум што успеав во истото

Матеј Андов: Максимално се трудев нашата мрежа да остане незатресена и среќен сум што успеав во истото

Помладите пионери со триумфот во дербито против Металург и теоретски го потврдија приматот есенски шампион. Црвено-црните со гол во последните минути, дело на Ибрахим Ариф ги однесоа трите бода од овој меч. Еден од јунаците на овој дуел и најзаслужен за големата победа, беше секако и нашиот голман Матеј Андов. Тој на неколку пати успешно интервенираше, и не дозволи Вардар да има негатива.

Импресиите од натпреварот против Металург се според очекуваното. Се надевавме на трите бода и успеавме во тоа, меѓутоа не на лесен начин. Во секој случај не треба никогаш да се потцени противникот, а имавме силен Металург пред нас. Максимално се трудев нашата мрежа да остане незатресена од страна на противникот и среќен сум што успеав во истото. Како и да е задоволен сум, како од мојот така и  од настапот на целата екипа. Секогаш треба да се стремиме да играше уште подобро.

Нема многу одмор за пом. пионери, кои  за две недели ги очекува реванш меч, во рамките на 1/4 од купот против Тетовска Шкендија. Секако тука се и мечевите од првенството, каде остануваат уште два до крајот на есенскиот дел.

Ни претстои период на квалитетни напорни физички и психички подготовки, за гостувањето во Тетово на реванш мечот од купот против Шкендија. Се надевам дека со добра игра ќе ја анулираме онаа неочекувана негатива од 2:0 на првиот меч. Цврсто верувам во себе дека во вториот дел од сезоната ќе продолжиме со победите, за кои највеќе се заслужни нашите тренери Сашо Јаневски и Љупчо Кметовски. Истовремено сакам да им се заблагодарам за нивната максимална посветеност и поддршка, која ни ја пружаат секојдневно, изјави Матеј Андов за нашиот сајт.

Звонко Ивановски