Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на Фк Вардар го испратија дома Металург со наведнати глави
Пионерите на Фк Вардар го испратија дома Металург со наведнати глави

Пионерите на Фк Вардар го испратија дома Металург со наведнати глави

Доминација на нашите фудбалски категории, во денешните натпревари со екипата на Металург. После триумфот на пом. пионери, со три бода го завршија мечот и пионерите на Вардар, кои го испратија дома Металург со наведнат глави. Натпреварот се одигра на теренот на локомотива. Пионерите победија со резултат 3:1. Марко Ѓоргиевски постигна два гола и еден дело на Јакуп Бериша.

Сосема заслужена победа за црвено-црните, кои му дадоа до знаење на својот ривал дека нема што да бара на овој дуел. Иако гостите од Железара се обидуваа на моменти да направат нешто посериозно, немаше ништо такво. Избраниците на Сашо Тодоровски максимално подготвени влегоа во овој меч и уште од првата минута го нападнаа голот на противникот. Врвниот голгетер во црвено-црниот дрес кој минатата сезона ја заврши со 38 постигнати голови, Марко Ѓоргиевски потсети на добрите денови. Неговите два погодоци беа клучни за триумф на овој дуел и освојување на нови три бода. Пред двата погодоци, нашиот состав имаше уште една добра прилика за отварање на резултатот. Уште на полувреме имавме осетна предност од 2:0, со двата гола на Марко, која ветуваше многу за конечниот победник.

Во вториот дел, нашите момци одиграа многу паметно и дисциплинирано. Металург речиси и да не направи ништо посериозно и опасно кон нашиот гол. Вардарци смирено со задржување на топката и поголем посед на неа, се обидуваа да стигнат до трет погодок. Тоа им успеа, кога Јакуп Бериша стрелаше во противничката мрежа, за веќе водство од 3:0. До крајот на мечот, гостите успеаа само да постигнат почесен гол и со достоен пораз да заминат од ова гостување. Оваа генерација ја забележа седмата победа во лигата и се наоѓа на врвот на табелата, во својата конкуренција.

Фк ВардарТимевски, Спасиќ, Петковски, Рамиќ, Трајковски, Пешевски, Георгиевски, Ристовски, Бериша, Ѓоргиевски и Дардлиша.