Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со триумф против Борац, се врати на победите во сеха-лигата
Вардар со триумф против Борац, се врати на победите во сеха-лигата

Вардар со триумф против Борац, се врати на победите во сеха-лигата

Вардарци одиграа нов натпревар во сеха-лигата, против екипата на Борац од Бања лука. Избраниците на Гонзалес триумфираа на овој дуел и ја прекинаа серијата од два последователни порази во ова натпреварување.

Борац беше рамноправен противник до 8 минута кога резултатот беше нерешен, а имаа и водсво од 3:4 во претходната минута. Сепак Вардар се решава порано да го реши овој дуел и да ја превзема контролата на мечот. Прави серија од 5:0, за веќе осетна разлика и предност од 9:4. Оваа позитива ја одржуваме се до крајот на првото полувреме, кога со головите на руските крила Шишкарев и Дибиров заминуваме на одмор со највисоки 20:14.

Вториот дел започнува со погодокот на Душебаев, кој го зголемува нашето водство. Противникот највеќе што можеше да стори во наредниот период е да ја одржува таа негатива од 6-7 голови. Веќе во 48 минута од мечот, за прв пат имаме најголеми осум голови разлика. Манасков со својот втор погодок, зголемува на 30:22. Тренерот на Борац повикува тајмаут за да ги смири своите момци и да се обиде да замине од Скопје со достоен пораз. Следи наша нова серија, со два последователни гола на пикерот Марсениќ за двоцифрена предност од 34:24, во 53 минута од натпреварот. Докрајот рутинирано го приведовме мечот, за враќање на победничките патеки. Конечниот резултат беше 39:27

На овој дуел на голот беше Страхиња Милиќ кој забележа 9 успешни интервенции. Марсениќ имаше 100% ефект од 7/7 погодоци. Исто толку 7 голови додаде и капитенот Лазаров. Тимур Дибиров за едно полувреме постигна 6 голови.