Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ за Вардар фанс: Верувам во девојките и во триумфот и знам дека секоја од нас ќе даде максиум
Радичевиќ за Вардар фанс: Верувам во девојките и во триумфот и знам дека секоја од нас ќе даде максиум

Радичевиќ за Вардар фанс: Верувам во девојките и во триумфот и знам дека секоја од нас ќе даде максиум

Утре не очекува нов натпревар во лигата на шампиони, во женска конкуренција. Нашиот шампион во С.Ц. Јане Сандански ќе ја пречека екипата на Митјиланд. Добро познат противник за нас, со кој имавме можност да играме пред две сезони. Десното крило Радичевиќ очекува тежок меч, но и верување во својот тим дека може до победата.

Очекувам тежок натпревар бидејќи Митјиланд е одлична екипа и е во натпреварувачки ритам, за разлика од нас. Сигурно дека ќе ни биде многу тешко, бидејќи според мене играат колективен ракомет со добри поединци. Ако одиграме од почетокот агресивно во одбраната, со многу прекини, имаме шанси против нив. Нема да биде лесно и едноставно, но знам дека во целиот тим постои голема желба да се победи на домашен терен и ќе дадеме се од себе.

Во првите две кола забележавме пораз од Ѓер и убедлива победа против Хипо. Црвено-црните имаа доволно да го анализираат противникот, но и да ги поправат грешките од мечот со Унгарскиот вицепрвак.

Против Ѓер во првото коло, не игравме добро во одбраната, а во нападот многу одевме на индивидуални акции. Тоа е она што се обидуваме да го поправиме на тренинзите оваа недела. Верувам во девојките и во триумфот и знам дека секоја од нас ќе го даде целиот максиум, изјави Јованка Радичевиќ за Вардар фанс.

Звонко Ивановски