Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Задоволен сум од играта – Марсениќ: Одигравме добар натпревар
Гонзалес: Задоволен сум од играта – Марсениќ: Одигравме добар натпревар

Гонзалес: Задоволен сум од играта – Марсениќ: Одигравме добар натпревар

Црвено-црните се вратија на победите во сеха-лигата, откако на денешниот дуел забележаа убедлива победа. Противник беше Борац во С.Ц. Јане Сандански. Шестиот триумф во ова натпреварување, беше изразен со резултат 39:27. На прес-конференцијата после завршување на дуелот, своите мислења ги изнесоа тренерот Гонзалес и Марсениќ.

-Ние игравме добро, во напад и одбрана, особено во првото полувреме. Тие беа малку уморни, но и без Николиќ и Боиновиќ. Сега имаме пауза, но сум задоволен од нашата игра, рече тренерот Гонзалес.

Пикерот Марсениќ одигра одличен меч, без промашен удар или од 7/7 голови. Заедно со Лазаров беа најефикасни во нашиот состав.

Одигравме добар натпревар. Најважно е што нема повреди во екипите пред репрезентативната пауза која претстои. Во првото полувреме бевме подобри во напад, но послабо игравме во одбрана. Потоа одигравме посилно во одбрана и тие неможеа да не следат, изјави Марсениќ.