Викендов сите натпревари во ПМФЛ ќе се одиграат ден порано од предвиденото, односно во сабота. Вардарци во сабота на гостински терен ќе одиграат натпревари против Македонија ЃП. Поради поместувањето на колото, ждрепката на судиите за престојното коло наместо во петок се одржа попладнево во просториите на ФФМ.
За саботниот натпревар делител на правдата се падна да биде Васко Мавров од Струмица. Негови помошници се Станковски и Ангеловски и двајцата од Струмица.