Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Во сабота пионерските екипи на ФК Вардар гостуваат во Битола, додека кадетите и младинците го пречекуваат Пелистер
Во сабота пионерските екипи на ФК Вардар гостуваат во Битола, додека кадетите и младинците го пречекуваат Пелистер

Во сабота пионерските екипи на ФК Вардар гостуваат во Битола, додека кадетите и младинците го пречекуваат Пелистер

Во сабота ќе се одигра второто пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории. Екипата на  Пелистер ќе биде противник за Вардаровите генерации. Пионерските екипи ќе гостуваат во Битола, додека кадетите и младинците ќе бидат домаќини на теренот во населбата Јане Сандански.

Помладите пионери се единствените кои забележаа триумф во првото пролетно коло и ќе обидат победничката серија да ја продолжат и во сабота против врсниците од Пелистер, Овој меч ќе започне во сабота од 10 часот и ќе се игра во на теренот на противникот. Во есенскиот дел, црвено-црните славеа со резултат 3:2 со голотите на Петкоски, Илиевски и Спировски, а овој последниот нема да биде во комбинација за саботниот меч поради црвениот картон кој го доби на дербито со Академија Пандев. На табелата Пелистер е на осмото место со 19 освоени бодови, а Вардар има еден повеќе од нив, или вкупно 20 освоени бодови.

Гостување ќе имаат и пионерите, кои од 12 часот го играат својот натпревар против Пелистер. Избраниците на Сашо Тодоровски имаа лош старт на пролетниот дел, кога загубија против А.Пандев, а со тоа заостанаа и четири бода пред лидерот Шкупи. Доколку црвено-црните сакаат да ги задржат шансите за титулата ќе мора по секоја цена да победа во Битола. Во второто коло на стартот на сезоната, Вардар славеше минимално со 1:0 со голот на Али Адем. Противникот е ниско рангиран, дури на десеттата позиција со само 11 освоени бодови.

На теренот во населбата Јане Сандански во сабота со почеток од 10 часот ќе се сретнат кадетските екипи на Вардар и Пелистер. Нашите кадети во првото коло ремизираа против А.Пандев и останаа на еден бод заостанување зад екипата на Работнички. Вардар е фаворит според позициите на табелата, каде противникот е на деветтата позиција со 14 бодови. Во есенскиот дел нашите надежи со три бода заминаа од гостувањето во Битола, кога со двата гола на Трајчевски славевме со резултат 1:2. Очекуваме триумф, а можеби и промена на врвот по одигрување на ова коло.

По првиот триумф во пролетниот дел ќе атакуваат и нашите младинци, кои од 12 часот го пречекуваат тимот на Пелистер. Во првиот дел од сезоната славевме во Битола со резултат 1:3. со погодоците на Беќири, Дишлиевски и Личина. Вардар е фаворит и таа улога треба да ја докаже на теренот. Во оваа генерација Пелистер е најдобро пласиран со 15 освоени бодови.

, а