Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Во сабота, РК Вардар 2 гостува во Гевгелија на екипата на Партизан
Во сабота, РК Вардар 2 гостува во Гевгелија на екипата на Партизан

Во сабота, РК Вардар 2 гостува во Гевгелија на екипата на Партизан

Во сабота екипата на РК Вардар 2 ќе го одигра второто пролетно коло во рамките на првата ракометна лига. Избраниците на Зоран Петковски ќе имаат гостување во Гевгелија, на тимот на Партизан. Во есенскиот дел нашиот млад состав на домашен терен беше убедлив против истиов противник, славејќи победа изразена со триесет голови разлика (44:14). Црвено-црните имаа успешен старт на пролетниот дел, каде на Кале беа подобри од екипата на Струга.

Во моментов Вардарци се наоѓаат на првото место на табелата со 28 бодови, втора е екипата на Младост со 26, но и натпревар помалку, додека третопласирана е Риниа со 25 бодови. Нашиот следен противник, тимот на Партизан е на последното место на табелата, со само една победа од единаесет одиграни мечеви во првата лига. Во пресрет на пролетниот дел екипата на Партизан се засили со ракометари од Пролет 62 и Металург 2, па се очекува да има понеизвесен натпревар од оној првиот во Скопје.