Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > На овој ден пред три години, ЖРК Вардар за прв пат се пласираше на завршниот турнир во ЛШ и испиша историја за клубот
На овој ден пред три години, ЖРК Вардар за прв пат се пласираше на завршниот турнир во ЛШ и испиша историја за клубот

На овој ден пред три години, ЖРК Вардар за прв пат се пласираше на завршниот турнир во ЛШ и испиша историја за клубот

На овој ден пред три години екипата на ЖРК Вардар испиша историја за клубот. Во својата прва сезона во лигата на шампионите, Вардарки успеа да стигнат до најдобрите четири екипи и да играат на завршниот турнир во Будимпешта.  На овој ден го игравме последниот меч во главната рунда од својата група 1 ,кога во С.Ц. Борис Трајковски бевме подобри од екипата на Савехоф. Тогаш славевме против шампионот на Шведска и како првопласирани од групата се најдовме на завршниот турнир. Тогаш не се играа четврфинални мечеви, туку најдобрите две екипи од главните групи играа во полуфиналето. Во таа натпреварувачка сезона за одбележување е победата против Ларвик во првата групна фаза, во сезоната кога Норвежанките имаа моќен тим.

Во полуфиналето Вардарки за противник го имавме тимот на Будуќност, од кој загубивме дури по две продолженија. Во борбата за третото место игравме против Митјиланд кој го совладавме и на тој начин ја освоивме првата бронза во лигата на шампионите.

Вака изгледаше тимот на ЖРК Вардар во првата сезона на ЛШ: Црвенковска, Дембеле, Џокиќ, Дмитровиќ, Фернандез, Хмирова, Кликовац, Костјукова, Лекиќ, Лејно, Лојпур, Николиќ, Пино, Радичевиќ, Ристова, Саидова, Штериова, Суслина, Зебиќ.