Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лазовиќ постигна 9 гола, но Словенија загуби од Црна Гора на пријателски натпревар
Лазовиќ постигна 9 гола, но Словенија загуби од Црна Гора на пријателски натпревар

Лазовиќ постигна 9 гола, но Словенија загуби од Црна Гора на пријателски натпревар

Периодот од 13-19-ти март е наменет за ЕХФ недела каде се играат контролни натпревари помеѓу женските ракометни репрезентации. Во. С.Ц. Верде во текот на вчерашниот ден пријателски натпревар одиграа Црна Гора и Словенија, на кој славеа избраничките на Драган Аџиќ.

Во најголем дел од првиот дел, Словенија беше во предност, а интересно првото водство Црна Гора го имаше во последната минута од првиот дел кога поведоа со 15:14, резултат кој беше актуелен на полувреме. Во првите седум минути од второто полувреме се играше гол за гол, до моментот кога при резултат од 19:18, Црна Гора прави серија од пет погодоци и зголемува на 24:18. Ова беше решавачкиот чекор за победата и до крајот на натпреварот домашната репрезентација имаше контрола на резултатот, а во еден момент нивното водство достигна и до 28:20. На крајот конечниот резултат гласеше 29:22.

За овој меч во составот на Словенија беа и две ракометарки на Вардар. Најефикасна во двете селекции беше Барбара Лазовиќ со 9 голови, додека крилото на Вардарки, Тамара Мавсар постигна еден гол за Словенија. Денес двете репрезентации ќе одиграат уште еден контролен натпревар, кој ќе биде затворен за јавноста.