Со натпреварот Брест Мешков-Загреб заврши регуларниот дел во СЕХА-лигата за оваа натпреварувачка сезона. Тимот од Белорусија славеше во дуелот со ППД Загреб и го освои третото место во регуларниот дел, додека екипата на ППД Загреб завршува ккао четвртопласирана. Ова значи дека на завршниот турнир ќе нема место за екипата на Целје Пивоварна Лашко, која беше потисната на петтата позиција поради победата на Брест Мешков.
Тоа значи дека на завршниот турнир кој оваа сезона најверојатно ќе се игра во Белорусија ќе се сретнат екипите на Вардар и ППД Загреб, како и Веспрем против Брест Мешков. Турнирот ќе се игра во периодот од 7-9-ти април, а местото рековме дополнително ќе биде одредено. Ова ќе биде реприза на завршниот турнир од минатата сезона кога во Вараждин беа истиве полуфинални двојки. Тогаш Вардар го победи Загреб, додека Веспрем беше подобар од Мешков. Во големото финале, тогаш Унгарците беа подобри од Вардарци.