Вчера после краток и секако заслужен одмор од два слободни дена доделени од стручниот штаб по дерби со Шкендија на гостински терен, фудбалерите на црвено-црните почнаа со тренинзи. Стартувана е мисијата “ Прилепска Победа“ дуел од 12.коло во ПМФЛ кој што ќе се одигра викендов, меч кој го дочекуваме со предност од пет бода на врвот од табелата во првата лига.
Избраниците на Гоце Седлоски по одморот кој им го овозможи вчера имаа два тренинга. Претпладневниот го изработија во теретаната при спортскиот центар „Јане Сандански“, а попладневниот го одработија на зелениот терен, тој се одржа во Тренинг кампот на ФК Вардар во скопската населба Хиподром. Дуелот ќе се игра во недела на рефлектори со почеток во 17 часот и 30 минути. Се очекува убава атмосфера бидејќи по подолго време играме меч на рефлектори, со екипа која ни е познаник од прволигашката конкуренција од претходно пред да мине седум години во нисколигашкиот македноски фудбал.
Комити почнаа на почетокот од неделата со мобилизација, тие велат дека сега му на ФК Вардар најпотребни и дека е почнат одот кон “Есенската титула“. Покрај ова ќе имаат екстра поволни услови за влез на нивната трибина, се очекува да бидат на нивно ниво. Следува маица за присутните , повеќе информации во нивното соопштение -тука