Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Богат викенд со мечеви за младите машки и женски екипи на Вардар, погледнете го распоредот
Богат викенд со мечеви за младите машки и женски екипи на Вардар, погледнете го распоредот

Богат викенд со мечеви за младите машки и женски екипи на Вардар, погледнете го распоредот

 Викендов е стандардно резервиран за мечеви во младинските ракометни лиги. Овој викенд со предизвици ќе се соочат и машките и женските екипи на Вардар кој играат во младинските лиги. Во продолжение ви ги носиме противниците, саатниците и салите во кои нашите млади ракометни надежи ќе настапат овој викенд.

 Кај дамите ова се мечевите кој не очекуваат викендов, младинската екипа на Вардар СЦЈС ќе гостува кај екипата Ѓорче. Мечот е на програмата во сабота со почеток во 19-00 часот. Овој дуел ќе се одигра во салата  при гимназијата „Кочо Рацин”. Пионерките на црвено-црните ќе  домаќини на екипата на скопски Чаир. Ден на одигрување овој пионерски дуел има во сабота. Мечот  ќе се игра во спорско рекреативниот центар  “Кале“-Скопје и ќе има почеток  во 15-00 часот.

Кај момците за одбележување е дека ќе почне да се игра кадетското првенство, во кое викендов ќе го има премиерното коло. Црвено-црните кадети играат во Групата-2 од кадетската лига. Тие ќе гостуваат кај градскиот ривал екипата на РК Пролет, дуелот ќе се игра в сабота во 16,30 часот во салата „Македонско Сонце”.. Кај младинците ќе се одигра треттото коло во кое двете наши екипи ќе бидат домаќини викендов. Младинците на Вардар јуниор се домаќини на екипата на  РК Македонија ЃП. Дуелот ќе се игра на 29-ти октомври во сабота, со почеток  од 17-00 часот. Домаќини ќе бидеме во  Салата  “Кале“.  Младинците на РК Вардарова коло исто така се домаќини на скопски ривал. Тие ја пречекуват екипата на РК Работнички. Натпреварот  ќе се игра во недела на 30/10/2016 год. , дуелот ќе почне во 13-00 часот и ќе се игра како и другиот младински натправар во  Срц “Кале“. Ова коло  пионерската екипа на ракометниот клуб Вардар е слободна.