Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гачевски 194 минути без примен гол
Гачевски 194 минути без примен гол

Гачевски 194 минути без примен гол

ФК Вардар има нов херој помеѓу стативите. Оваа сезона во целост голот на шампионот беше препуштен на Филип Гачевски. Популарниот Гача беспрекорно ја оправда довербата од тренерот Седлоски. Гачевски на секој натпревар дава максимум од себе. Последен кој го ”осети” тоа беше тимот на Шкендија. Тетовчани никако не успеваа да го матираат нашиот голман, иако имаа три до четири одлични шанси, но Гачевски покажа зашто е оваа сезона број еден голман во ПМФЛ.

Гача продолжува со успешната серија. Нашиот голман нема примено погодок веќе 194 минути. Последен кој ја начна мрежата на нашиот голман беше екс играчот на Вардар, Андреј Ацевски од Силекс. В недела мотив повеќе нашиот голман ќе има против Победа. Доколку ја сочува својата мрежа, би дошол и на 284 минути без примен гол.