За црвено-црните ова е веќе вторпат сезонава меч на вардарци да биде „меч на колото” во лигата на шампионите. Во минатото коло кога гостувавме во Загреб, исто така мечот на колото. Според праксата дуелите што се најинтересни, за кои се претпоставува дека ќе донесат најмногу неизвесност и добар ракомет вообичаено се прогласуваа за меч на колото. Така да според востановената пракса на овие дуели ЕХФ има свој коментатор, исто така се прaват посебни прилози пред и после натпреварот. Ланскиот дуел со истиот противник имаше исти епитет, а ние победивме со 34-24 што беше најтежок пораз за тимот кој се закити со европската круна таа сезона. Се надеваме дека повторно ќе видиме реприза на ланската “црвено-црна машина“ која го сомеле полскиот и европскиот шампион.
