Викендов на програмата е второто коло од ракометната Вардар Јуниор лигата. Мечевите овој викенд ќе се играат во сабота, 29 октомври и во недела 30 октомври. Истите повторно ќе се одиграат во четири различни града: Скопје, Прилеп, Кичево и за првпат град домаќин на лигата ќе биде и Велес. Околу 650 девојчиња и момчиња ќе имаат можност да заиграат и пред домашна публика, овој викенд ќе има вкупно 32 натпревари.
Според планот првите натпревари од второто коло се играат во сабота во Скопје. Мечевите ќе се играат во спортската сала „Кале”. Другиот ден в недела натпреварите во Скопје се ќе се играат во спортскиот центар „Јане Сандански”. За прв пат Вардар јуниор лигата в недела ќе може да се гледа од публиката во Велес. Натпреварите ќе се играат во ОУ „Блаже Конески”, покрај Велес мечеви ќе има и во уште два града Кичево и Прилеп. Во продолжение распоредот за 2.коло.
Распоред за мечевите во сабота и недела во Скопје: ТУКА_
Распоред за мечевите во : Прилеп, Кичево и Велес: ТУКА